Животот на шкотската пејачка Сузан Бојл која преку ноќ стана позната со нејзиното појавување во музичкото шоу “И јас имам талент” ќе биде прераскажан во мјузикл.
Сонував сон (I Dreamed a Dream) е насловот на мјузиклот по песната со која Сузан стана позната во целиот свет. Турнејата ќе започне на 23 март 2012 година со изведба во Кралскиот двор во Њукасл.
Никогаш не помислив дека мојата животна приказна ќе биде прераскажана во мјузикл, се надевам дека сите ќе уживаат, изјавила пејачката.
Глумицата Елејн Смит ќе ја глуми Сузан Бојл во најавениот мјузикл.