Младиќ го посети гробот на неговата ќерка

31 мај, 20110
ml

Хашкиот обвинет Ратко Младиќ утрово го посетил гробот на неговата ќерка. Младиќ до гробот на неговата ќерка го придружувало големо обезбедување, а веднаш по посетата тој бил вратен во Специјалниот суд.
Заменик обвинителот за воени злосторства Бруно Векариќ потсетил дека судот и обвинителството ја одобриле молбата на Младиќ потврдувајќи дека истата му била исполнета.
Векариќ истакнал и дека посетата на Младиќ на гробот на неговата ќерка траела околу 20 минути.
Младиќ првиот ден по неговото апсење изразил желба да го посети гробот на неговата ќерка Ана која се самоуби во 1994 година.
По белградските протести во кои беа приведени околу 180 лица, за денес е најавен собир за поддршка во Бања Лука.
Иако е најавено дека на собирот ќе присуствуваат неколку илјади лица, полицијата не очекува нереди.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi