Младиќ: Момци го најдовте тој што го баравте

28 мај, 20110
mladic

Секоја чест момци, го најдовте тој што го баравте, се првите зборови што генералот Ратко Младиќ ги изговорил додека го апселе. Овие зборови предизвикале изненадување меѓу агентите од специјалниот тим на Безбедносно информативната агенција кои очекувале полошо сценаријо, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.

Соговорници за “Политика“ од Акциониот тим за апсење тврдат дека БИА до Младиќ дошла со таканаречена оперативна работа. Ниту една дојава на 9191 не била валидна, што значи дека наградата од 10 милиони евра нема да биде дадена.

Едно е сигурно, БИА го лоцирала Младиќ пред неколку недели. Прашање е дали агентите, со пратење на Дарко Младиќ, синот на уапсениот генерал, дошле до селото Лазарево и одлучиле да изведат рутинска проверка во четири куќи на негови роднини.

Во наредните неколку денови, додека БИА не ги соопшти сите детали за апсењето, оперативците ќе се обидат да го реконструираат движењето на Младиќ од 2006 година, до завчера. Токму тоа било главна тема на информативниот разговор што оперативците од БИА го воделе со уапсениот Младиќ.

“Политика“ наведува дека Младиќ не сакал да го открие идентитетот на луѓето кои му помагале во криењето во изминатите неколку години.

Неофицијално, Младиќ живеел во Лазарево од 2006 година, кога за малку им избегал на оперативците од БИА од селото Љуба кај Сремска Митровица. Тогаш БИА разби мрежа на помагатели на Младиќ.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *