Финале во Лигата на Шампионите: Барселона – Манчестер Јунајтед (20:45)

28 мај, 20110
Britain Soccer Champions League

Дојде и тој ден! Европа ќе го добие новиот шампион, за ептитот владетел на “Стариот континент” ќе се борат сосема заслужено двете најдобри екипи сезонава – Барселона и Манчестер Јунајтед. Ќе биде тоа 11. меѓусебен дуел на старите познаници кои за престижниот пехар се бореа 2009. година во Рим, а овој пат место меѓу бесмртните ќе се обидат да пронајдат на “Вембли”.

И токму Барселона се надева дека историјата ќе се повтори, и тоа не само на случувањата на “Олимпико” кога со головите на Самуел Ето и Лео Меси победија со 2:0, туку и од “Вембли” 1992. година кога последен пат се одигра финалето во еворпското натпреварување на познатиот англиски стадион.

Каталонците тогаш ја победија Сампдорија со 1:0 во финалето од последниот Куп на Шампиони, сепак, година дена пред тоа, познатиот Сер Алекс Фергусон го освои првиот европски трофеј со Манчестер Јунајтед, кога во финалето од Купот на побединици на Купови ја совлада Барса со 2:1.

На голот на шпанскиот великан тогаш стоеше Карлес Бускетс, таткото на Серхио Бускетс. Во досегашните 10 дуели двата тима имаат по три победи, со четири ремија, а традицијата вели дека ниту еден од ривалите не успеал да забележи врзани триумфи, што укажува на тоа дека дојде ред Јунајтед да се закити со четвртата титула европски шампион.

Со нетрпение сите го оечкуваат мечот кој ги поседува сите предиспозиции да биде еден од најголемите во 21. век.

“Ова би можел да биде меч на деценијата. Дуелот на двата клуба со огромна историја го привлекуваат вниманието на сите кои го сакаат фудбалот. Во финалето е се можно. Може да има многу голови, возбудувања. Го респектираме противникот и ќе дадеме се од себе да ги победиме. Го почитувам тренерот на Барселона, Гвардиола, кој е млад тренер но на многу начини го промени стилот на игра на тимот.” – рекол ФЕргусон пред големото финале на “Вембли”.

“Кога во финалето имате два тима кои сакаат да напаѓаат и да победат, сигурно е дека ве очекува меч за вистинско уживање. Мора да одиграме поинаков меч од оној во 2009.година.” – рекол Гвардиола.

Барселона верува во фантастичното трио Меси-Иниеста-Чави, а Англичаните во колективот и бескопромисната одбрана.

Без сомнеж, не чека големо и атрактивно финале кое не смее да се пропушти, независно од тоа чии навивачки бои ги носите на срце.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *