Во една нова студија објавено е дека, мажите кои често имаат навика да го носат својот мобилен телефон на коланот на десната страна, имаат смалена количина на минерали во коските и помала коскена густина на десниот колк, кои имаат негативно влијаат на цврстината на коските, поради зрачењето на мобилните телефони.
Електромагнетното зрачење од мобилните телефони може негативно да влијае на цврстината на коските покажала студија објавена во весникот Journal of Craniofacial Surgery.
Авторот на ова истражување д-р Fernando D. Sravi од Националниот Универзитет од Cuyo, Аргентина тврди дека постои различен состав на минерали и асиметрија на левиот и десниот колк, кај оние кои користат мобилен и најчесто го носат на десната страна од појасот.
Разликата во квалитетот на коскеното ткиво зависела од тоа колку често се користат мобилните и од тоа колку долго се носат закачени на појасите.