Моето маче пасе трева!?!

popara13 август, 20111min00
cat eating grass

Дали некогаш сте забележале дека растението во вашиот дом не вирее?  Дека листовите добиле чуден облик?  Епа, ако чувате домашен миленик, мистеријата е решена…

Луѓето често забораваат дека кучињата и мачките се диви животни и дека пред да бидат припитомени живееле во дивината. Нивната исхрана се состои од месо, но и од растенија.  Денес луѓето ги хранат своите миленичиња со готова храна, која се состои од мал процент месо и разни други додатоци, па дополнителните состојки кои им се потребни ги добиваат од растенијата.

Кучињата и мачките често „пасат“ трева бидејќи состојките кои се наоѓаат во неа го олеснуваат варењето и го стимулираат рефлексот за исфрлање на проголтаните влакна. Но тревата исто така ја подобрува цревната и желудочната функција, истовремено потхранувајќи го организмот со потребните витамини и минерали.

Мачките обично не голтаат туку џвакаат трева, лисја но и куќни растенија и тоа најчесто за да ги ублажат болките во стомакот. Сепак, некои растенија можат да бидат многу штетни по нивното здравје.  На пример, лилјанот може да предизвика такво оштетување на бубрезите кое најчесто завршува со смрт.  Исто така, честото конзумирање на трева може да доведе и до восплаение на слузницата во желудникот.

Затоа, она што треба да го знаете е дека, доколку вашето милениче, покрај секојдневните оброци си „поткаснува“ и трева, не треба да му го забраните тоа. Но, внимавајте тревата која ќе ја козумира да не е третирана со пестициди и вештачки ѓубрива кои можат да предизвикаат воспаленија и труење.  Доколку сакате да бидете сигурни, можете да купите мека трева во сад или пак од продавницата за миленичиња да набавите посебно средство за исфрлање на влакна.

Во секој случај, почитувањето на природните навики и инстинкт, е најдоброто нешто кое може да го направите за своето домашно милениче.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag