Неверојатна среќа имал еден изреалец (22), кој дошол да се помоли на “Ѕидот на плачот”, и за кратко време си отишол за 100,000 долари побогат. Поточно во дупката на ѕидот каде верниците оставаат писма со желби и молитви, младиот израелец пронашол испишан чек на 100.000 долари. Поради стравот дека чекот нема никогаш да биде искористен, младиот израелец го земал и отишол до најблиската банка и го уновчил чекот.
Медиумите објавиле дека чекот е наменет за “Ѕидот на плачот” и дека младиот израелец направил кривично дело. Но сепак младиот израелец го мисли спротивното и веќе ангажирал адвокат кој ќе ги брани неговите интереси. Сега останува прашањето дали ќе му се исполни желбата на човекот кој го оставил чекот на “Ѕидот на плачот”.