Еден заљубен пар се препуштил на страста на една плажа во Флорида, додека биле набљудувани од околу стотина луѓе од блискиот ресторан. Дали гостите од ресторанот ги прекинале или ги пуштиле да завршат – не е познато, но она што е познато е дека парот завршил во притвор.
Стивен Пери (22) и Ерика Хуерта (21) најверојатно се одлучиле на овој потег после неколку пијачки. Додека гостите, меѓу кои имало и деца, уживале во својата вечера, на само триесетина метри од нивните маси го забележале младиот пар кој имал секс, а притоа смениле и неколку пози.
Вознемирените гости од ресторанот повикале полиција, двојката е приведена и обвинета за разврат и “неморално“ однесување.
Момчето платило кауција од 10 илјади долари, после што е пуштено на слобода, а девојката која не платила, сеуште се наоѓа во притвор.