Момчето со најмногу прсти

27 јули, 20110
akshat-saksena

Акшат Саксена од северна Индија, има една година и веќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу прсти, дури 34.

Аксат има по седум прсти на рацете и по десет на нозете, а неговата состојба е позната како полидактија, генетично нарушување.

-Бев многу среќна кога добивме бебе, тој е нашето прво дете. Но кога ги видов прстите, бев шокирана и изненадена, изјавува неговата мајка Амрита и додава дека семеен пријател ги убедил дека нивното дете е посебно.

-Тој на интернет прочитал вести за бебе кое е родено во Кина со 31 прст и вели дека нашето дете го собори тој рекорд. Во почетокот не бев заинтересирана за таа идеја, но потоа мојот сопруг и мојата помлада сестра, објавија податоци за нашиот син на интернет, објаснува Амрита за тоа како нејиниот син е запишан во Гинисовата книга на рекорди.

Пред Акшад, овој рекорд го држело непознато момче од Кина, кое имало 15 прсти на рацете и 16 на нозете, а неговите родители сакале момчето да остане анонимно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *