Принцот Алберт Втори планира спектакуларни изненадувања за своите гости во текот на дводневната венчавка. На церемонијата ќе присуствува и францускиот претседател, Никола Саркози, но не се знае дали со него ќе дојде и Карла Бруни која очекува бебе.
Монако можеби е најпознато како игралиште за славните и богатите, но на претстојната венчавка на принцот Алберт Втори и Шарлин Витсток ќе биде празник за обичниот свет.
Кога се венчале родителите на Алберт, принцот Рене и Грејс Кели во 1956 година, нивната свадба била настан на годината, а според некои и на деценијата. Оваа година, таа титула во април ја “украдоа“ британскиот принц Вилијам и Кејт Мидлтон.
Без оглед на тоа, свадбата на први јули ќе биде вистински спектакл. Улиците на главниот град се украсени со црвени и бели украси. Сувенирите, во вид на шољи и чинии со иницијалите на кралскиот пар ги преплавија излозите на Монте Карло.
Во Монако живеат 35.000 луѓе, повеќето од нив се богаташи, а туристичките агенции се надеваат дека свадбата ќе привлече околу 200.000 луѓе.
Алберт Втори планира спектакуларно изненадување за своите гости во текот на дводневната прослава. Во четврток навечер, ден пред првата церемонија, локалните жители ќе уживаат во музиката на групата “Иглс“, додека во петок, по венчавката на дворот, младенците ќе ја пренесат журката на пристаништето каде гостите ќе уживаат во музиката на Жан Мишел Жара.
Саботата е резервирана за сериозна, црквена церемонија во големиот двор на кралската палата заради која 33-годишната шампионка во пливање Шарлин Витсток премина во католизмот.
Женските гостинки се замолени да носат скромна облека со скриени рамења, а музиката ќе ја обезбеди американскиот сопран Рене Флеминг.
Германскиот дизајнер, Карл Лагерфилд ќе биде меѓу 4.300 поканети гости, заедно со модната икона Инес де ла Фресанж и Жак Рог од Меѓународниот олипмиски комитет.
На церемонијата ќе присуствува и францускиот претседател, Никола Саркози како и претседателите на Либан и Ирска, и кралот од Шведска.
За сега не се знае дали сопругата на Саркози, бремената Карла Бруни ќе присуствува на венчавката.
По церемонијата, новопеченеиот кралски пар ќе се вози низ градот во “лексус хибрид“, до капелата каде невестата ќе го остави својот бидермаер. Потоа ќе заминат во казино каде ќе има огномет и игранка.
Целото случување е многу прецизно испланирано и промовирано.
Извор: Нетпрес