Морковите и броколите го спречуваат ширењето на рак на панкреас

popara15 јули, 20111min00
broccoli_carrots

Според меѓународен тим од научници, витамините кои се наоѓаат во морковите и броколите го помагаат во ворбата на рак на панкреас, кој инаку има најниска стапак на преживување.
Кога се дијагностицира рак на панкреас, поголемиот дел од пациентите не преживува повеќе од една година, додека само една петтина со хемотерапија и операција живеат нешто подолго од година дена., но максимално пет години.
Доктор Херман Кочер од Бартс институтот за рак во Лондон, после четиригодишно истражување дошол до сознанија дека зголеменото ниво на витамини во горенаведениот зеленчук може да го спречи ширењето на рак во панкреас.
Инаку, идејата за ова истражување се базира на теоријата предложена уште дамнешната 1898 год.
-Во прашање е теорија на хирургот Стивен Пеџет. Тој верувал дека некои органи се „плодно тло“ за создавање и раст на ракот. Ја прифативме неговата теорија како основа и го тестирафме ефектот на витамини на „плодниот“ орган.
-Витаминот А е само еден пример, тврди доктор Кочер. –Други витамини и лекови можат понатаму да го променат „тлото“ за создавање на рак и негово растење. Ова истражување отвара само нови можности за пронаоѓање на лек против оваа опака болест.
Наодите од истражувањето би требало да доведат до покачување на стопата на преживеани од овој вид на рак, кои во светот ги има повеќе од 250000.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag