Симболите за љубов и нивното значење

15 јули, 20110
Love-At-First-Sight

Прво шти ни паѓа на памет кога ќе помислиме на зборот „љубов“ е срце, одностно симболот како срце. Но, покрај срцето постојат и други симболи кои се синоним за ова чувство или состојба. Покрај општо прифатените и најчесто употребувани, постојат и симболи кои имаат свое специфично значење и се разликуваат од народ до народ или од земја до земја. Но, од каде и да потекнуваат, овие симболи ја имаат моќта на лесен и прецизен начин да ја пренесат пораката и чувствата.
Еве некои, повеќе или помалку познати симболи кои се синоним за љубов.
– Јаболко.  Јаболкото не е само симбол за љубов, туку и плодност и благосостојба. Постојат многу приказни во кои јаболкото ја има клучната улога во раѓањето на љубов. Дионис, грчкиот бог на виното, и го понудил на Афродита, божица на љубовта и убавината, со цел да ја заведе и освои. Јаболкото исто така ја симболизира и женската убавина, а во Кина е симбол на мир и обожување.

– Харфа. Харфата е еден од најстарите инструменти и означува спој на љубов  со поезија, уметност и музика. Во келтската митологија, харфата го симболизира мостот на овоземското и небесното. Слично на тоа, на Исланд и во Норвешка жиците на на харфа имаат значење на скалила кои симболизираат некои повисоки нивоа на љубов и патот до небо.

– Купидон. Ова е симбол кој означува желба. Во многу уметнички дела Купидон е представен со повез преку очи, што сликовито ја прикажува познатата изјава „љубовта е слепа“, односно, нашето „слепино“ и занесеност кога сме вљубени. Купидон е всушност палавиот син на Венера, римската божица на љубовта, и секогаш е представен као дебелко детенце кое постојано фрла стрели, целејќи (и секогаш погодувајќи) во срцата на луѓето, по што тие се вљубуваат. Всушност, Венера, неговата мајка е одговорна за Ете, тоа е приказната за Купидон, во која е убаво дури да се верува. Денес  Купидон масовно се користи во производство на честитки, украси, играчки и слично, кои вљубените ги купуваат како подароци.

-Срце. Ова е секако најпепознатливиот и најчесто користен симбол на љубовта. Се смета дека срцето е галвниот „виновник“ за вљубувањето. Ова верување доаѓа од таму кога ќе се сретне личноста кон која се чувствува љубов, во која сме вљубени, срцето посилно бие. И во поезијата е најчесто коритено срцето да се посочи „виновникот“ за состојбата во која се наоѓа влубената личност.

-Рози. Цвеќето е прекрасен начин да се пренесе порака дека некого сакате. Но кога се мисили за вљубеност, првото цвеќе на кое се помислува е розата и тоа црвената. Симболиката на црвената роза не завршува тука: пупката означува почеток на љубов, скоро невина, додека расцутената црвена роза покрај симболизирањето на љубов означува и длабока физичка привлечност и страст. Розите ги има во 72 различни бои и секоја има своја симболика. Жолтите рози симболизираат пријателство, белите мир, розовите нежна љубов и пријатество.

– Бели гулаби. Во некои земји се верува дека овие прици токму на денот на вљубените го пронаоѓаат својот партнер. Гулабите симболизирааат мир и љубов, невиност и помирување меѓу луѓето. За вљубените луѓе често се вика дека се како вљубени гулаби, затоа што овие птици се навистина предани, нежни и верни партнери еден на друг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit