Мостот Голден Гејт

20 септември, 20110
Golden-Gate-Bridge-san-francisco-1020069_1024_768

Најпознатиот висечки мост во светот

Сан Франциско, “крал на Пацификот“, по својата големина се наоѓа веднаш после Лос Анџелес и претставува втор по ред северноамерикански градови на западната обала. Се наоѓа на полуостров, а од отвореното море го дели 90km долгиот и 20km широкиот залив. Еден морски ракав што не е поширок од 1km, ве носи од Пацификот до заливот. Негово најтесно место е познатата Златна порта “Голден Гејт“, која се наоѓа на мостот Голден Гејт. До 1965 година, тој го имаше епитетот на најдолг висечки мост на светот – но, беше надминат од мостот Веразано-Нароуз, Њјуорк кој е само 18cm подолг.

Најпрво (во осумнаесетиот век) на овој полуостров се наоѓала само една населба. Во 1848 година во близина било основано населено место кое што броело 500 жители, а само две години подоцна, 25.000 жители. Во меѓувреме било пронајдено златото во Сакраменто. Во Сан Франциско, доаѓале копачи во големи групи и многу брзо прераснало во место за ископување. Градот кој се повеќе и повеќе расте – веќе кон крајот на деветнаесетиот век броел 300.000 жители – почнал да се шири кон јужната и источната страна на заливот. Луѓето биле принудени преку заливот да градат мост, со цел да ги избегнат подолгите патишта. Така настанал нацртот за висечкиот мост Аукланд, чија што градба била започната во 1905 година. Долг 3km, изграден од 190.000 тони челик и 163.000 тони цемент; гигант меѓу мостовите, значително подолг од Бруклин во Њујорк, а многу често се сметал за осмото чудо во светот; конструиран од страна на John Reblng.

Една година подоцна, на 18 април 1906 година, во Сан Франциско се случил катастрофален земјотрес, а како последица на тоа, се случил и катастрофален пожар. Бил, речиси уништен: 425 лица умреле под рушевините. Наредната година се започнало повторно со изградба на градот – многу повеличенствен и поубав. Триесет години се размислувало да се надгради Златната порта над висечкиот мост. Голем број на стручњаци сметале дека е невозможно да се изгради мост со ширина од 1.280m. Најмногу се плашеле дека наредниот земјотрес би ги уништил кулите-носачи. Но, мостот Голден Гејт кој е 2,2km долг, на крајот бил изграден. Се поставиле 91cm дебели кабли на 210m високите кули и на тоа го прицврстиле 24m широкиот пат. Во 1937 година, свечено бил отворен – тоа претставувал “еден величенствен споменик“. Денеска, се размислува, на истиот мост да се постави уште една коловозна лента.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi