Можеш ли да го промениш?

popara13 декември, 20111min00
3

Жените ја немаат таа сила да ги менуваат мажите. Некои мажи едноставно сами се менуваат поради жената до себе. И покрај тоа сме опкружени од жени кои постојано се обидуваат да ги променат своите партнери.

Мажот се жени надевајќи се дека жената ќе си остане таква каква што е, а жената се мажи со надеж дека ќе го промени мажот. Еве како се стигнува до ова, среќаваме некого, се вљубуваме, создаваме врска. Прекрасно! Но штом станеме доволно блиски, решаваме, дека може и треба да го моделираме партнерот по наш вкус. И во еден момент, се стигнува до следнава ситуација – вечно незадоволна жена и апатичен маж чија што нова цел е да изнајде начин како да го избегне намуртеното лице на својата сопруга. Познато нели? Особено распространет и модерен модел кај позрелите врски.

За да не се најдеш еден ден и ти во ваква улога, на вечно незадоволна жена, едноставно не се обврзувај за човек, за кој мислиш дека му е потребна промена. Кога си со еден маж секогаш биди сигурна дека си со него, затоа што го сакаш таков каков што е. Ако не успееш, значи си со погрешен човек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma