Мајка од Делавер, САД, била уапсена поради тоа што на својот малолетен син му дозволила да го вози автомобилот до училиште и назад.
Повеќето родители на деветгодишно дете не би му дале сам да ја премине улицата, а камо ли да го вози автомобилот до училиште, но тоа не е случај и со оваа мајка.
Теми О’Нил од Довер му дозволила на својот девет годишен син да го вози автомобилот до училиште и го постојано го бодрела од сувозачкото седиште.
Еден од наставниците видел како детето се паркира на паркингот пред училиштето и веднаш ја повикал полицијата. Мајката се бранела велејќи дека детето е искусен возач.
„Мајката неможеше да сфати во што е проблемот. Таа рече дека му дозволила на синот да вози, бидејќи тој веќе бил искусен и дека прв пат позади воланот седнал кога имал само пет години“, изјавил шефот на полицијата Тим Стамп.
Мајката била уапсена и обвинета за занемарување и загрозување на безбедноста на детето.