Лејди Гага сакаше да ја бакне Бритни, непозната особа се обиде да скокне на бина, а највеќе награди зема Кети Пери.
Кети Пери оваа година на MTV Video Music Awards наградите беше доминантна кога станува збор за наградите. Таа зема награди за најдобар видео запис за песната “Firework”, награда за најдобри специјални ефекти и најдобар дует за E.T отпеан со Кание Вест.
Лејди Гага ја доби наградата за најдобар женски спот со порака за песната “Born This Way”. Бритни пак ја доби наградата за најдобро поп видео.
Во категоријата кореографија најзаслужено наградата ја доби Бијонсе за “Run This World”, додека пак Адел доби награди за најдобра монтажа, сценографија и камера за “Rolling in the Deep”.
Шоуто го отвори Лејди Гага со “нејзиното алтер его” и ја отпеа “You and I” , а нешто подоцна таа се обиде да ја бакне Бритни на сцената, како што своевремено го направи тоа Мадона, но овој пат Гага не успеа во намерата.
Додека Џеј Зи и Кание Вест настапуваа, непозната особа се обиде да им скокне на сцена, Крис Браун висеше на плафон… Сепак, Бијонсе ја имаше најубавата вест на вечерта. Таа соопшти дека е бремена.