Оптан топтан кај Ноле во септември :)) Новак се жени:))

29 август, 20110
nole

Отиде и најдобриот тенисер на светот! Новак и неговата девојка Јелена Ристиќ, од неодамна живеат заедно во луксузна вила во Монте Карло, а најново е дека пранираат и венчавка, која ќе се одржи во Србија, оваа есен. Доколку се оди според планот, Ноле ќе застане на лудиот камен овој месец и тоа во периодот кога ќе се играат натпреварите на Дејвис куп (16 – 18 септември).

Иако, во последно време многу се шушкаше за венчавката на Јелена и Новак, овој пат изгледа сериозно. Во прилог на ова е и фактот дека Џоковиќ инсистирал со Јелена да живеат одвоено во Монте Карло. Познатиот пар не штеделе за уредувањето на апартманот во монденскиот град, избрани се најскапите детали за опремувањето на нивниот нов дом.

Великанот на белиот спорт ја запросил долгогодишната девојка неодамна во Кан и набрзо потоа се вериле. Тогаш тој и поклонил нараквица и обетки, со кои Јелена гордо се појави на црвениот тепих.

-Јелена е љубовта на мојот живот. Заедно сме веќе неколку години и искреноста е нешто што јас најмногу го ценам кај неа. Тоа не прави среќни и заљубени. Таа е млада и способна жена, амбициозна и силна –  изјавил Ноле.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma