Еден британец на колкот сакал да стави тетоважа, со што ќе испрати поздрав и честитки на новиот кралски пар Вилијам и Кејт. Па така мајсторот за тетовирање кој немал појма кога била венчавката на кралскиот пар, по грешка му истетоивирал 28, наместо 29 април.
Британецот Stephen Nesbitt, сакал да го обележи кралското венчавање, па на колкот истетовирал честитка за Вилијам и Кејт, но со погрешен датум, пишува The Sun. Британецот веднаш отишол да се пожали, а мајсторот кој го тетовирал му ги вратил парите.