Дивеењето во текот на Ел Класико може да го чини скапо тренерот Жозе Мурињо. Според пишувањето на шпанскиот Marce, УЕФА за тренерот на Реал Мадрид спрема ригорозна казна, каква веќе долго време нема добиено никој во во Лигата на шампионите.
ПОради изјавите пред првиот натпревар во полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Реал и Барселона во Мадрид, Мурињо се соочува со казна од дури седум натпревари во лигата. Тоа со други зборови значи дека тренерот Мурињо, нема да може да седне на клупата на Реал во првиот круг на лигата во наредната сезона, со што евентуално би бил доведен во прашање и неговиот ангажман во кралскиот клуб.
Според проценките на Marce, ниту Мурињо, ниту клубот нема да прифатат волку ригорозна казна, туку ќе се борат до самиот крај со сите средства.
Жалбата прво би требала да оди на адресата на дисциплинската комисија на УЕФА, а потоа доколку има потреба и до меѓународниот спортски суд во Lausannei.
http://www.youtube.com/watch?v=wBTbQwAerDI&feature=player_embedded