Шпанска “Марка” пишува дека тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо го известил Бразилецот Кака дека најдобро ќе биде да си побара нов клуб, со оглед дека во Реал повеќе не сметаат на неговите услуги.
Останува отворено прашањето која цена “кралскиот клуб” ќе ја побара за Кака, бидејќи тој беше ангажиран за цели 65 милиони евра, но по бројните повреди никогаш не ги оправда парите платени за него.