Чавез во критична, но стабилна состојба

27 јуни, 20110
hugo_chavez
Претседателот на Венецуела Хуго Чавез е во критична, но стабилна состојба, тврдат американските тајни служби.
Чавез беше опериран на Куба на 10 јуни, а во меѓувреме се појавиле гласини дека се лечи од рак на простата иако неговата Влада соопштила дека се работи за воспаление на карлицата.
Што се случува со Чавез ги интересира жителите на Венецуела, но и американските тајни служби. Повикувајќи се на нив, еден од дневните весници од Мајами објавиле дека состојбата на Чавез е критична, иако е надвор од животна опасност.
Чавез на 10 јуни, во текот на официјална посета во Куба, бил пренесен во болница на итна операција, неофицијално заради воспаление во пределот на карлицата. Државниот врв информирал дека претседателот закрепнува и наскоро ќе се врати во сопствената земја.
“Комуницираме со него постојано. Тој се информира за состојбата во земјата и дава наредби. Она што нам ни останува е да му пружиме поддршка“, рекол министерот за надворешни работи на Венецуела Николас Мадуро.
Во Венецуела се појавиле гласини дека Чавез се лечи од рак на простата. Опозицијата тврди дека е противуставно да управува со земјата од странство. “Знаат дека не може да победат на изборите против командантот Чавез и секогаш очекуваат ваква ситуација за да ја преземат власта, но времето на десницата во Венецуела е се’ подалеку“, рекол Елиас Јауа, потпретседател на Венецуела.
Чавез по скоро две недели молк вчера се огласил на “Твитер“ поздравувајќи го својот сакан народ. Венецуелскиот претседател е голем критичар на САД, познат по честите ексцентрични јавни настапи.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit