Реал Мадрид потпишал договор со одбранбениот фудбалер Рафаел Варан од Ленс, пренесоа шпанските медиуми, кои наведуваат дека трансферот чинел 10 милиони евра.
Варан има 18 години и игра на позиcијата централен одбранбен играч, а минатата сезона на 23 меча постигна и д ва погодоци. Ленс поради лошите резултати испадна во втората лига.
Овој дефанзивец наводно бил на листата желби на Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но одлучувачка улога за неговото пристигнување во Мадрид имале тренерот Мурињо и поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан.