Подготовка:
Листовите од штавељ добро измијте ги, исечете ги на поголеми прачиња и кратко варете ги во зовриена вода.
Кромидот исечете го на тенки кругови и пропржете го, а потоа додадете мелено месо и по вкус зачинете со вегета и црн пипер.
Оризот сверете го во солена вода.Откако ќе се свари соединете го со меленото месо.
Распоредетеги листовите штавељ во огноотпорен сад, па додадете го месото со оризот.
Изматете јајца и додадете јогурт. Три четвртини од оваа смеса прелијте ја врз мусаката, а потоа додадете ги и остатокот од листовите. Избодете на неколку места со вилушка и прелијте го остатокот од смесата.
Печете во загреана рерна на 150-200 степени околу 40 минути. Послужете со кисело млеко.
Состојки:
- 4 листа штаваљ
- 400гр мелено месо
- 1 чаша ориз
- 2 главици кромид
- 1 чаша 2,5дл јогурт
- зачин