Еден кинески тинејџер се покажа како вистински пријател, бидејќи 8 години го носи на грб својот соученик, кој боледува од вродено заболување, поради кое неможе да оди.
Ли Ши Чинг кој има 16 години веќе осум години, секој ден го н оси својот пријател на грб накај школо, бидејќи младиот Лу Шао, поради заболувањето многу тешко оди.
Младите рекле дека пред осум години, во еден дождлив ден, мајката на Лу требала да дојде да го земе од школо, но не го направила тоа. Иако Ли, бил поситен од останатите соученици, решил да му помогне на својот другар и на грб да го однесе до дома. Од тогаш, Ли секој ден го носи Лу на школо и назад до дома, а додека се во училиште го носи и до тоалетот.
И покрај фактот што младиот Ли прави неверојатно добро и хумано дело, 16 годишниот тинејџер не се пофали за тоа, па така неговите родители дознале за ова дури пред четри години.