На Аљаска откриен фосил од праисториски рептил

31 јули, 20110
fosil

Научници на Аљаска пронашле фосил од редок праисториски рептил, кој најверојатно претставува и најкомплетен скелет на суштество кое е пронајдено на просторот во Северна Америка, соопштил Северниот Музеј (Muzeum of the North) , Универзитетот на Аљаска во Фербанкс.

Скоро комплетниот скелет припаѓа на (thalattosaur), морско суштество со дол опаш, кое живеело во топли плитки води во раната доба на диносаурусите, а изумрело на крајот од Triassic, пред 200 милиони години.

Фосилот бил откриен за време на екстремна осека, долж брегот на Националната шума Тонгас (Tongas National Forest), пренесува Ројтерс. Повеќето од откритијата на thalattosaur, биле поединечни коски или делови од коски, додека новото откритие претставува скоро цел скелет.

Научниците ископале дел од фосилот во јуни, а сега го испитуваат за да утврдат дали станува сзбор за некој непознат вид, со оглед на тоа дека до сега во светот се откриени 12 примероци на thalattosaur.

Геологот Jim Baichtal, смета дека постои голема веројатност дека во прашање е непознат вид.

“Фосилот, кој  личи на голем гуштер, е пронајден во југоисточниот дел на Алјаска, додека претходните остатоци од  talatosaurus  откриени се  во Британска Колумбија, Канада, Невада, на Алпите, иако најдобрите остатоци се пронајдени во Кина”, изјавил тој.

Дел од пронајдениот фосил се наоѓа во Северниот музеј, а експертите проценуваат дека целиот скелет е долг меѓу еден и три метри, при што третина од тоа отпаѓа на опашката. Интересно е тоа што на скелетот можеле да се забележат и остатоци од меко ткиво, што е реткост и може да помогне во откривањето како всушност изгледал рептилот.

Научниците покасно ќе го откопаат и остатокот од фосилот кој се наоѓа во карпа, а се надеваат дека ќе го пронајдат и черепот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi