Пиштолот кој некогаш припаѓал на Ал Капоне утре ќе биде ставен на аукција во Лондон. Аукциската куќа Кристи го соопштила ова и дека пиштолот е проценет на вредност од 50 до 70 илјади фунти, пренесува АР.
Направен во 1929 година, истиот година кога се има случено масакрот на денот на Св. Валентајн, кога седум луѓе беа убиени во судирот на бандата на Капоне со друга банда.
Пиштолот кој на аукција го ставил неименуван колекционер, се продава заедно со оригиналното писмо на Маделен Капоне Моричери, вдовицата на братот на Капоне, Ралф, во кое се потврдува дека револверот припаѓал на Капоне и дека цел живот го користел него.