На Европа и прети војна!

19 септември, 20110
TUSK ROSTOWSKI KONFERENCJA

Ова за време на говорот во Европскиот парламент, го изјавил полскиот министер за финансии Јацек Ростовски, чија земја претседава со ЕУ.

Тој, во неговата песимистичка прогноза смета дека Европа се наоѓа во голема опасност, предизвикана од кризата во еврозоната.

– Најголем предизвик и задача е обезбедување на стабилност во еврозоната, бидејќи во спротивно последиците можат да бидат драматични. Во европската историја, кога ќе се случеле вакви тешки политички и економски кризи, ретко, кога следните 10 години не избивало војна, изјавил Ростовски, велејќи дека ЕУ е еден од најважните фактори за одржување на мирот по Втората светска војна.

Европската комисија предупредила дека економскиот раст во еврозоната до крајот на годината речиси ќе престане, поради европската должничка криза и потресите на финансиските пазари, но ја отфрлил можноста за рецесија.

Германија е единствената земја чиј економски раст оваа година се зголемил од 2,6 отсто на 2,9. Франција има пад на растот од 1,8 проценти на 1,6. Италија од 1 отсто паднала на 0,7.

Колку Ростовски песимистички гледа на иднината на Европа, зборува неговата изјава:
– Јас сериозно размислувам на моите деца да им обезбедам зелана карта за САД!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi