На Косово премногу тензично: Испукани рафали кон Србите кои се наоѓаат на барикадите во северниот дел на Косово

18 септември, 20110
srpskebarikade.blogspot.com

Од правец на селото Кошутово вечерва биле испукани неколку рафали од автоматско оружје кон Србите кои се собрале на барикадите во селото Зупче, но за среќа никој не бил повреден.
Повикувајќи се на меѓународни извори на Косово, весникот Блиц пишува дека причината за пукотницата, што се случила вечерва е револтот на Албанците поради блокадите кои ги поставиле Србите, н неможноста слободно да се движат во тој дел на Косово.

Еден од Србите кој се наоѓал на барикадите изјавил дека ова што се случува таму е мирен и достоинствен протест на Србите од северниот дел на Косово.

Во близина на селото Кошутово, од каде се слушнале рафалите, постои албанско село под името Чабра, пишува Блиц.

На сите патишта во северниот дел на Косово кои водат кон централна Србија, Србите поставиле барикади за да ги спречат силите на ЕУЛЕКС, КФОР, албанската полиција и царинските службеници да се распоредат на граничните премини на северниот дел на Косово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi