На Козјак – поблиску до боговите

24 септември, 20110
8

Козјак е езеро долго 32 километри, некаде е длабоко и 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 метри. Се наоѓа на идеална надморска височина од неполни 300 метри. Има најбогат рибен фонд. Основата на браната е 500, а круната или врвот 310 метри. Тоа е најдолго вештачко езеро во државава. Според атракцијата и функционалноста на езерото, неспоредлива е изградбата на таканаречениот воден лифт, таму каде што етапно ќе се регулира водостојот на водата во езерото. Оваа огромна инка за зауздување на водите во најголемите дождовни периоди е втора по функција во светот, бидејќи ја градеа истите кинески експерти што ја граделе и проектирале најголемата светска брана на Жолтата Река во Кина.

Во акумулацијата Козјак се среќаваат 9 (девет) видови на риби. Не е исклучено да во акумулацијата се среќаваат и други видови на риби кои се спорадично или инцидентно уловени. Според согледувањето на теренот акумулацијата Козјак овозможува поголем број на искористување на незиниот ихтиолошки потенцијал. На падините на околните планини се наоѓа наделеку познатото ловиште Јасен. Во ловиштето живеат многу видови на диви животни. Таму ќе сретнете диви кози, диви свињи, срни и капитални елени како и повеќе видови грабливци, волци и мечки.

На не повеќе од 30 километри од Скопје се наоѓа Македонскиот Гранд Кањон. Флора и Фауна недопрена од граѓаните. Прекрасно езеро, карпи, цвеќиња во волшебни бои и чудни форми. Козјак е место кое го запира здивот и прави да се чувствувате поблиску до боговите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi