На Лени Кравиц му се женело повторно…која будала-нели? :)

popara6 август, 20111min00
lenny_kravitz_01

Популарниот пејач Лени Кравиц открил дека  би сакал повторно да се ожени.

Пејачот, кој се  венчаше во Лас Вегас со актерката Лиза Бонет во  дваесеттите години, изјавил дека и покрај неговиот развод, тој се уште има верба во љубовта.

Лени и Лиза беа во брак од 1987 до 1993 година, а имаат едно дете, ќерката Зое.

„Да, би сакал да се оженам повторно“, изјавил тој за едно германско списание. „Релаксиран сум и ќе видам каде ќе ме однесе животот. Ако нештата не функционираат веројатно постои добра причина за тоа. Сепак мислам дека бракот не е исклучен во мојата блиска иднина“, додал познатиот пејач.

Тој исто така, открил дека не би ја отфрлил можноста повторно да стане татко. 47 годишниот пејач е близок со својата ќерка, актерката Зое и покрај распадот на бракот, и изјавил дека ништо на светот не носи таква радост како децата.

„Успехот во ниедна област од животот неможе да те исполни емоционално толку многу, како што тоа го можат децата“, додал Кравиц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma