Вилата во Калифорнија веројатно му здодеа на магнатот Доналд Трамп па реши да ја стави на пазарот за недвижности по цена од 7 милиони долари. Иако, куќата го чинела многу повеќе бидејќи беше специјално градена за Трам, со најквалитетни материјали и дрво, тој не жали. Куќата има 5 спални соби, 9 бањи, соба за пилатес, големи соби како гардероби, базен и неверојатен поглед кон океанот.