Северина Вучковиќ се уште активно одржува концерти низ целиот регион, иако неодамна објави дека е бремена. Северина во четвртокот ја воодушевила публиката во Мостар.
Колони од автомобили, и многу народ се собрале пред клубот каде таа требала да настапува. Подоцна Севе се појавила во секси пурпурен фустан што предизвикало голем аплауз од публиката, пишува Новости.
Целиот концерт траел два и пол часа и поминал многу емотивно, но подеднакво и силно. Најголемата ерупција на радост настанало за време на песната “Прашува Бред,” Во моментов најголем хит на Севе. На крајот таа срдечно и се заблагодарила на публиката што предизвикало големо скандирање на нејзиното име.
После Мостар Северина патува за Дубровник каде денес ќе одржи голем концерт на отворено небо.