На вашите стапала им е потребна нега?!

popara20 октомври, 20111min00
nega na noze

Немојте да мислите дека, ако летото помина, тука завршиува и вашата граижа за вашите нозе. Сега е потребна дополнителна заштита на вашите стапала, особено затоа што ви се затворени во обувките, нозете се потат а со тоа и стапалата страдаат. Еве неколку совети како правилно да ги негувате:

1. Во леген со топла вода истурете неколку капки есенцијално масло или малку сол. Натопете ги нозете и држете ги 20 минути, а ако е потребно, по 10 минути додадете топла вода.

2. Омекнатите нокти исечете ги право, не премногу кратко, со цел да избегнете несакани последици. Со турпија поминете ги ноктите, но внимателно да не закачите живец.

3. Нормално е после летото кожата на вашите нозе да огруби. Тријте ги нежно со турпија или камен за пети, немојте да бидете премногу груби со стругањето, подобро е  на неколку пати во неделата да остранувате потенки слоеви.

4. Намачкајте ги кутикулите крема која ќе ги омекне, почекајте 10 минути, па со дрвено стапче бутнете ги до коренот на ноктите. Тоа ивршувајте го внимателно за да не дојде до оштетување на кожата.

5. Кога ова ќе го завршите, измијте ги нозете со топла вода и темелно избришете ги. Ставете лак за нокти и почекајте целосно да се исуши. Дури тогаш на стапалата нанесете хранилива крема со блага масажа. Ако кожата веднаш ја апсорбира кремата, додадете уште, тоа ќе им одговара на вашите нозе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag