Waikiki Beach, Hawaii, друго не е потребно да се додаде :)

20 октомври, 20110
Dukes_Lagoon_Waikiki_beach_holiday

Во овие студени денови, еве ви нешто што ќе ја разбуди вашата фантазија и носталгија за летните денови. Ваикики е една од напознатите плажи на светот, која се простира на 2.5 километри и се наоѓа во Хонолулу, Хаваи.

Плажата ја дополнуваат неколку помали плажи, кои се одлични за љубителите на нуркањето. На оваа плажа се наоѓаат неколку луксузни хотели, продавници на познатите брендови, елитни ресторани и кафулиња, како и многу барови.

Најпознатиот симбол на оваа плажа е кратерот на вулканот наречен Дијамантска Глава, каде може да одите до самиот кратер доколку сакате малку пешачење. На Ваикики се наоѓа и еден од најстарите аквариуми во САД наречен Ваикики Аквариум. Исто така одлична забава нуди и Зоолошката градина во Хонолулу, каде има преку илјада егзотични животни.

Доколку сакате малку авантура, одберете некоја од турите со подморници и посетете ги потонатите бродови кои се наоѓаат на дното на океанот. На оваа тура ќе може и да нуркате покрај прекрасниот корален гребен, но и да уживате во хавајското зајдисонце кое ќе ве остави без здив.

Една од најголемите атракции во Хаваи е сурфањето, каде ќе најдете професионални сурфери кои уживаат во големите бранови, но и почетници кои учат од врвни мајстори за сурфање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi