Експертите од НАСА објавија дека во ноември оваа година се очекува поминување на најголемиот астероид досега меѓу Земјата и Месечината. Од нашата планета тој би требало да биде одалечен повеќе од 300 илјади километри, но сепак тоа ќе биде најголемиот објект кој некогаш и се приближил на Земјата.
Но, ако астероидот со име YU55, сепак скривне од планираната траекторија и ја погоди Земјата, тој удар би можел да се спореди со експлозија на 65 илјади атомски бомби, а зад себе би оставил кратер со широчина од 10 километри, пишува Space Daily.
Иако ваква катастрофа тешко дека ќе се случи, НАСА овој астероид сепак го класифицирала како потенцијално опасен објект.