Начинот на кој се шминкате го открива вашиот карактер

popara29 октомври, 20111min00
sminka

Начинот на кој се шминкате многу говори за вашиот карактер. На пример, жените кои ги нагласуваат очите сакаат да го истакнат својот интелект, додека оние кои ги истакнуваат усните сакаат да ја покажат својата страст. Еве како италијанските психолози го интерпретираат начинот на шминкање:

Жените кои не користат шминка испраќаат јасна порака дека сакаат да бидат прифатени онакви какви што се и одбиваат да носат „маска“.

Жените кои се постојано во потрага по огледалото се многу амбициозни, но исто така и несигурни, и многу внимание посветуваат на мислењето на другите.

Ако шминка е речиси незабележлива, според психолозите, овие жени имаат страв од стареењето и желбата да се запре времето. Тие се дискретни и сакаат мистерија.

Жените кои имаат налакирани нокти и на рацете и на нозете уживаат да ја покажат својата женствена природа. Оние кои ги лакираат само ноктите на рацете се да имаат  под контрола, додека оние кои ги лакираат само нозете имаат желба да бидат сексуално задоволени. Исклучително долги ноктите покажуваат егоцентричен карактер.

Жените кои користат нежен бел лак се срамежливи и романтични, додека оние кои имаат впечатлив лак се самоуверени и сакаат да бидат забележани. Жените кои сакаат  проѕирен лак се уредни, нос метаат дека не припаѓаат на времето во кое живеат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma