Најдена гробницата на Мона Лиза !

popara29 август, 20111min00
mona-lisa

Италијански археолози при ископувањата на урнатиот женски манастир Света Урсула во Фиренца, откриле остатоци што може да припаѓаат на жената, која е насликана на легендарната слика “Мона Лиза” од Леонардо да Винчи.

Коските и черепот се откриени во гробница под подот на манастирската црква. Токму во оваа гробница, според нив, е погребана Lizza Del Jokando Gherardino – благородна Фиренчанка за која се зборува дека била муза на големиот уметник.

“Иако засега не се знае чии се пронајдените остатоци, самиот факт за откритие на човечки коски ја потврдува хипотезата дека во манастирот е гробот на Мона Лиза”, – истакна раководителот на комитетот за културни и историски вредности на Италија  Silvano Vincheti.

Тој рече дека черепот припаѓа на жена. Истражувачите треба да ги споредат ДНК примероци земени од откриениот череп, со ДНК на две деца, кои се закопани во близина. Потоа научниците ќе користат компјутерската технологија за фацијална реконструкција на черепот, за да ги споредат резултатите со сликата на Мона Лиза на Леонардо да Винчи.

Откритијата говорат дека Лиза последните години од својот живот ги поминала во манастирот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma