Најдобра храна против несоница

popara8 август, 20111min00
visni

Никако не можете да заспиете? Размислете што јадете пред спиење и место големо парче пица, изедете некоја од следниве намирници.

Бадеми

Тие содржат магнезиум, кој го поттикнува опуштањето на мускулите и помага полесно да заспиете. Содржат и протеини кои го одржуваат нивото на шеќер додека спиете.

Банани

Тие се одличен извор на магнезиум и калиум, што помага за опуштање на вашите мускули. Исто така содржат и триптофан, кој поттикнува лачење на серотонин и мелатонин, хормони кои опуштаат и релаксираат. Направете шејк од банани и шолја млеко и испијте го пред спиење.

Вишни

Чаша сок или чинија вишни пред спиење може да ви помогнат побрзо да заспиете, бидејќи ова овошје го поттикнува производството на мелатонин.

Млечни производи

Освен бананите, трипофан содржат и млечните производи: јогурт, млеко и сирење. Богати се и со калциум кој е ефикасен во ослободување од стресот и стабилизирање на нервните влакна, вклучувајќи ги и оние во мозокот.

Житарици и овесна каша

Тие обезбедуваат доволно количество на протеини, потребни за добар сон. Чинија топла овесна каша ќе ви помогне подобро да се одморите. Содржи многу калциум, магнезиум, фосфор, силициум и калиум, а сите овие елементи добро делуваат на сонот. Засладете ја со овошје, бидејќи многу шеќер пред спиење делува лошо на квалитетот на сонот.

Тврдо варени јајца

Ако често се будите во ноќта, причината може да биде вечерата сиромашна со протеини или премногу слатки. Јаглените хидрати доведуваат до пад на шеќерот во крвта, поради што би  можело да се будите. За вечера јадете јајца, сирење, јаткасто овошје или други намирници богати со протеини.

Чај

Ако имате проблеми со спиењето, одбегнувајте кофеин во вечерните часови, па наместо кафе, напијте се шојла чај. Најдобар избор за добар сон се зелениот чај и чај од камилица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma