Секој зборува за бременоста како за времето во кое идните мајќи се секогаш гладни, но топлините во лето може да ви го убијат апетитот дури и ако јадете за двајца. Без оглед на се, бремените жени мора да јадат, а некои намирници се совршени за нив во текот на летото. На прво место дефинитивно е лубеницата која е право освежување, а богата е со витамин А, Б и Ц и разни антиоксиданси. Исто така богати се со електролити, како и повеќето спортски пијалоци.
Направете сладолед на стапче
Нема ништо полесно и поубаво од сладолед во летниот период и тоа ако сами си го направите. Само истурете сок во калапи,помешајте во блендер некои хранливи материи како протеини во прав или банани.
Пуканки
Дефинитивно треба да избегавате пуканки во кино кои се многу опасни за трудници. Но, пуканките што ги правите дома ќе бидат природни и со ниска масленост, а ќе ги посолите колку што мислите дека е потребно. Солта може да спречи појава на гадење, а пуканките сами по себе се богати со влакна.
Зелен лиснат зеленчук
Зелен лиснат зеленчук е клучна компонента за идеална бременост. Марула, спанаќ или зелка помешани во блендер со некое овошје со неколку коцки мраз е идеална салата за летно освежување.