Најдобрите актери на сите времиња II дел

6 јули, 20110
Morgan Freeman copy

15.Морган Фриман:Овој култен холивудски актер, кој е роден во 1937, зад себе има многу филмски награди. Тој бил дел од филмовите: „Стрит Смарт“, „Возејќи ја г-ѓа Дејзи“, „Семоќниот Брус“, „Бетмен“ и многу други. Покрај актерската кариера, Фриман го поседува еден од најпознатит гласови во Америка.

Montgomery Clift

16. Монтгомети Клифт: Овој актер, кој почина во 1966 година на 45 годишна возраст, зад себе остави неколку култни улоги во филмовите како „Место под сонцето“, „Фројд“, „Признание“, „Младите лавови“, „Од тука до вечноста“ и други. Клифт бил еден од идолите на младиот Џејмс Дин, а многумина сметале дека тој и Марлон Брандо се всушност ривали во нивната холивудска кариера.

Sidney Poitier

17. Сидни Поатије: Поатије, роден во 1927 е првиот актер афро-американец кој освоил Оскар за најдобра машка улога за улогата во филмот „Љиљани во полето“. Тој се најде на листата на Американскиот Филмски Институт за најдобрите актери на сите времиња. Поатије зад себе остави филмови како: „Во екот на ноќта“, „Да го направиме тоа повторно“, „Погоди кој доаѓа на вечера“ и други. Претседателот Обама во 2009 година го одликуваше Поатије со Претседателскиот медал за слобода, што е највисок медал наменет за цивили.

James Cagney

18. Џејмс Кегни: Кегни се најде на листата на Американскиот Филмски Институт за најдобри актери на сите времиња, откако зад себе остави повеќе од 50-тина филмови, меѓу кои и „Јавен непријател“, „Ангели со нечисти лица“, „Вратата на пеколот“ и други. Кегни почина во 1986 година, на 86 годишна возраст.

Jack Lemmon

19. Џек Лемон: Оваа американска актерска и музичка легенда зад себе има повеќе од 60 филмови, вклучувајќи ги „Некои го сакаат тоа жешко“, „Спасете го тигарот“, „Чудната двојка“, „Големата трка“, „Денови на вино и рози“, и многу други познати хитови. Актерот, кој зад себе има значителен број филмски награди, меѓу кои и два Оскари, почина на 76 годишна возраст во 2001 година.

Robert Redford

20. Роберт Ретфорд: Овој холивудски актер зад себе има навистина сјајна кариера. Тој глумел во филмовите „Надвор од Африка“, „Обични луѓе“, „Големиот Гетсби“, „Сите луѓе на претседателот“, „Кандидатот“ и многу други. Освен глумата, 74-годишниот Ретфорд се занимава и со режија, продукција, бизнис, филантропија и манекенство. Тој е еден од основачите на Филмскиот фестивал Санденс.

Denzel Washington

21. Дензел Вашингтон: Еден од најпознатите актери на денешницата, Дензел Вашингтон, зад себе ги има филмските блокбастери како „Филаделфија“, „Ураган“, „Многу врева за ништо“, „Ден за тренинг“, „Манџурискиот кандидат“, „Дежа ву“ и многу други. Актерот, кој е роден во 1954 година, зад себе има два Оскари и два Златни глобуси, а многумина сметаат дека најдоброто од неговата кариера допрва следува во иднина.

Jack Nicholson

22. Џек Николсон: Николсон е еден од најуспешните, но и најконтроверзните холивудски актери. Тој досега има освоено седум Оскари и бројни други филмски награди. Зад него ги има филмовите „Лет над кукавичкото гнездо“, „Бетмен“, „Поштарот секогаш ѕвони два пати“, „Неколку добри луѓе“, „Преминати“ и многу други. Николсон, кој е роден во 1937 година, е страстен навивач на Лос Анџелес Лејкерс, па таблоидите шпекулираат дека снимањето на неговите филмови се организира околу распоредот за натпревари на познатиот кошаркарски тим.

Paul Newman

23. Пол Њуман: Овој холивудски актер, покрај актерската кариера, се занимавал и со режија, претприемништво, хуманитарни работи, ни и професионално тркање со автомобили. Њуман зад себе има оставено филмови како „Бојата на парите“, за кој има освоено многу награди, меѓу кои и Оскар за најдобра машка улога. Пол Њуман е познат и како голем филантроп, а неговата компанија има донирано преку 300 милиони долари во добротворни цели. Актерот почина во 2008 година, на 83 годишна возраст.

Harrison Ford

24. Харисон Форд: Форд зад себе има неколку култни улоги, како Хан Соло во легендарната трилогија „Војна на ѕвездите“ и Индијана Џонс во истоимените филмови. Инаку, тој исто така се појавува во филмовите „Бегалец“, „Патриотски игри“, „Јасна моментална опасност“ и многу други. Форд, кој е роден во 1942 година, се наоѓа на третото место на листата на најбогати холивудски актери, а неговата кариера и понатаму е во полн ек.

Jeff Bridges

25. Џеф Бриџис: Оваа холивудска мега ѕвезда, која потекнува од познато актерско семејство, зад себе ги има филмовите „Трон“, „Бестрашен“, „Против сите шанси“, „Големиот Лебовски“, „Железниот човек“ и многу други. Покрај актерската кариера, Бриџис се занимава и со музика.

Spencer Tracey

26. Спенсер Трејси: Американскиот Филмски Институт го прогласи Спенсер Трејси за еден од најдобрите актери на сите времиња. Тој во периодот од 1930 до 1967 снимил преку 75 филмови, меѓу кои „Капетанот Храбар“, „Град на момчиња“ и многу други. Трејси почина во 1967, на 67 годишна возраст.

Clark Gable

27. Кларк Гејбл:  Оваа холивудска легенда се прослави со улогата на Рет Батлер во култниот филм „Однесени од виорот“. Покрај овој филм, Гејбл се појави и во филмовите „Бунт на бродот Баунти“, „Се случи една вечер“, и „Мисфитс“, во кој глумеше заедно со Мерлин Монро. Тој почина во 1960 година на 59 годишна возраст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi