Најдобрите градови за живеење! Куферите и преселба! :)

popara1 септември, 20111min00
gradovi

Ретко, кога постои грешка при изборот на најдобрите градови за живеење, кои секоја година го спроведува списанието “Economist”. Австралискиот град Мелбурн конечно после неколку избори е на првото место.
Изборот на градовите не е случаен – постојат околу 140 градови кои добиваат од 0-100 поени врз основа на 30 критериуми: стабилноста, здравството, културата и животната средина, образованието и инфраструктурата.
Кога станува збор за најдобрите градови, оцените се обично многу високи и конкуренцијата е изедначена : Ванкувер ја “испушти” титулата и таа за само 0,2% отиде во Мелбурн. Првите 63 градови на табелата се сметаат  најдобри за живеење, па затоа се сметаат и најдобри за работа.
Поради немирите во Грција, главниот град Атина не е веќе меѓу нив. Топ рангирани обично се градови со средна големина кои доагаат од богатите земји и се со релативно ниска густина на населеност. Ова значи поголеми можности за рекреација, ниско ниво на криминал и многу мал сообраќаен метеж.
Од првите десет, седум се во Австралија и Канада со густина на населението од 2,88 и 3,40 по квадратен километар.
Десет најубави градови :

1.Мелбурн  (Melbourne) – 97,5
2. Виена (Vienna) – 97,4
3. Ванкувер (Vancouver) – 97,3
4. Торонто (Toronto) – 97,2
5. Калгари (Calgary) – 96,6
6. Сиднеј (Sydney) – 96,1
7. Хелсинки (Helsinki) – 96
8. Перт (Perth) – 95,9
9. Аделаида (Adelaide) – 95,9
10. Окланд (Auckland) – 95

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag