14. Vanessa Hudgens – американска актерка и пејачка, која настапуваше прво во тв сериите за средношколски мјузикл, а потоа се појави и во големите филмски блогбастери. За разлика од лани таа се искачи за 36 места погоре, или поради навистина подобрениот стил или поради деталите од приватниот живот кои се повеќе ги окупираа таблидите.
13. Anna Kendrick – американска актерка која глуми во познати филмови, а исто така и во театар, е нежна и елегнатна на секој нејзин јавен настап. Во приватниот живот сака да носи фармерки и вели дека се облака како секој втор американец.
12. Ashley Greene – родена во 1987 година, оваа млада актерка се прослави и како модел на неколку модни кампањи. Сака да ги следи модните трендови, а најпопуларна стана со нејзината улога во сагата Twilight.
11. Jennifer Aniston – актерка, продуцент, режисер, оваа холивудска ѕвезда веќе е позната по својот личен стил на облекување. Никогаш не отстапува од своето мисење кога станува збор за гардеробата, можеби и затоа скоро и да нема направено модна грешка. На црвениот килим е една од ретките која комплетно изгледа привлечно. За разлика од минатата година се искачи за три места погоре.
10. Lea Michele – е американска актерка , пејачка и танчерка. Ова е девојката за која критичарите велат дека сите жени треба да се огледаат на нејзиниот моден стил. Таа секогаш изгледа феноменално без разлика дали носи тоалета на црвениот килим или пак фармерки и маичка за дневните прошетки.