Освен што го разубави гратскиот амбиент, кинескиот град Каифенг Сити, кој се наоѓа во провинцијата Хенан, влезе во Гинисовата книга на рекорди како град каде се наоѓа најголемиот тепих од цвеќиња во светот.
Верувале или не, тепихот е долг 2011 сантиметри и широк 165 сантиметри, со што кинезите успеаа да го срушат рекордот од 1915,6 сантиметри, кој минатата година беше поставен во Мексико. Тепихот е поставен од страна на локалните власти, како дел од Фестивалот на Хризантемите, кој овој месец се оджува во Каифенг.
Тепихот содржи 22.011 хризантеми во саксии. Хризантемите се одлика на Каифенг, каде постои долга традиција на одгледување на ова цвеќе. На поставување на овој гинисов рекордер осум дена работеле 120 лица.