Најголемата едрилица на светот

popara18 април, 20112min00
0

Доколку имате вишок од 100 милоиони долари и сакате да едрите ова е вистинска работа за вас.

Се работи за “Малтешки сокол” најголемата а воедно и најубавата едрилица на светот. Доколку не можете да ја купите оваа убавица, можете да ја изнајмите за една недела во износ од 600.000 долари.

Должината на палубата изнесува 93 метри, а вкупната површина е 2.400 квадратни метри, со подигнати едра може да достигне брзина до 42 километри на час. Внатрешноста е луксузно опремена и декорирана и доста се водело сметка да биде природно осветлена. Главната палуба е отворена заедно со главниот салон, потоа тука е големата пилотска кабина, две големи соби и прекрасна терпезарија.

За спиење се користат 5 кабини кои се наоѓаат во долниот дел на палубата и една приватна кабина која се наоѓа во горниот дел со посебен простор за сончање и директен пристап до командниот мост.

Она што е интересно за овој брод е тоа што е опремен со “DynaRig” систем за едрење.

На горниот дел се и трите ротирачки едра на кои работат 15 добро обучени едриличари.

Едрилицата “Малтешки сокол” Антлантикот може да го помине за импресивни 10 дена.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag