За многумина спиењето во соба полна со кловнови би претставувало вистински кошмар, но не и за Ортруд Кастаун од Германија, која влезе во Гинисовата книга на рекорди како сопственик на најголемата колекција на кловнови во светот.
61 годишната германка собира играчки – кловнови веќе 15 години, а нејзината колекција досега содржи неверојатни 2,053 различни модели. Нејзината колекција е толку голема, што таа морала да се пресели во поголема куќа. Ортруд има поставено музеј за играчките кловнови во нејзиниот дом во Есен, Германија.
Ортруд вели дека кловновите ја претставуваат трансформацијата во нејзиниот живот, бидејќи токму собирањето на кловнови и помогнало да се излечи од алкохолизмот. Таа толку многу ги сака кловновите, па дури и си истетовирала еден на раката.