Мицигу Кикаи од Јапонија е вистински страстен љубител на Супер Марио, а неговата пасија му донесе и место во Гинисовата книга на рекорди.
25 – годишниот Кикаи стана гинисов рекордер благодарение на својата колекција на Супер Марио предмети, која содржи неверојатни 5400 различни модели.
Кикаи е роден истата година кога Нинтендо ја промовираа својата прва супер Марио игра, па неговите родители му купиле чинија со ликот на Супер Марио, за која Кикаи вели дека е неговиот прв колекционерски предмет.
Кикаи вели дека Супер Марио е негова страст и дека планира да продолжи да собира Супер Марио колекционерски предмети се до крајот на животот, или пак се дур не успее да ги собере сите. Со среќа!!!