Легендарниот ланец на ресторани за брза храна Бургер Кинг влезе во Гинисовата книга на рекорди откако ја создаде најголемата скулптура од алуминиум во светот. Скулптурата е во форма на круна, која е заштитен знак на Бургер Кинг.
Компанијата, која веќе 30 години е една од најпопуларните во светот на брзата храна, ја промовираше оваа скулптура во чест на новата програма за деца. Круната тежи неверојатни 465,39 килограми и е рекордер во големина и во тежина.
Промоцијата на скулптурата беше дел од прославата на 125 годишнината на Статуата на слободата, а во таа чест Бургер Кинг донираше 125.000 долари за реконструкција на еден од најпознатите симболи на градот Њујорк.