Најголемите феномени во светот, кои не се предизвикани од човекот! – осми дел

24 октомври, 20110
3951167702_fce38a3d91

8) Премин од минатото

Според големите научници како што е Алберт Ајнштајн, времето не е стабилно како што повеќето од нас сметаат. Како што луѓето се прилагодуваат на времето, нашата еволуцијата има воспоставено трикови за да им овозможи на нашите умови да се справи со тоа, а во реалноста тоа претставува “концепт на преминување“. Премин од минатото е кога сегашното време (сега) се испреплетува со минатото време (тогаш), а личноста го преживува моментот од минатото, во сегашноста. Сепак, вообичаено настанот е незабележлив од страна на луѓе во тој момент. Што претставува доказ за оваа појава? Па …има голем број на докази доколку знаете да ги забележите. Всушност преминот од минатото се случува кога луѓето во двете реалности се во можност да ја искусат алтернативната реалност.

Сепак, според повеќето случаи, тоа вообичаено трае само неколку секунди и човечкиот мозок ги филтрира ваквите аномалии. Во текот на годините луѓето тврдат дека виделе стари авиони паркирани во областите кои некогаш биле аеродроми или како римски војници маршираа на улици. Во речиси сите случаи, откако лицето ќе ги забележат ваквите појави, само се трепкање на окото, исчезнува се што виделе.

Сепак, има голем број на фотографијата со кои биле “уловени“ овие аномалии на времето. Всушност, ваквите случаи биле регистрирани со помош на модерните камери, но се уште не може да се објасни сликата направена од Google Earth, на која јасно се гледа воен авион од Втората светка војна како лета над Британија. Дали ова претставува премин од минатото или само луѓето од Google сакаат да се пошегуваат? Сепак, се забележани и случаи кога преминот од минатото не бил краток момент – постојат случаи во кои луѓето влегле во соба и се нашле во сосема друго време.

Беше регистриран еден случај од страна на г-динот Archie Carmichael, кој во 1953 година се возел од Бирмингем во Лондон и кога застанал да се одмори во едно село во близина на Бортон. Тој го паркирал неговиот автомобил пред локалната кафеана и влегол внатре. Тој бил шокиран кога видел дека луѓето внатре во бар излгедале исто како од минатиот век. Се обидел да воспостави комуникација со луѓето, но бил игнориран. Само неколку минути подоцна целата ситуација се променила – во него гледал загрижениот бармен, кој го прашувал дали се било во ред со него. Archie сметал дека видел духови, но најверојатно се случил феноменмот – премин од минатото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi