Најголемите нарко босови во светот на сите времиња – трет дел

19 октомври, 20110
KLAAS BRUINSMA

8) Klaas Bruinsma

Klaas Bruinsma стана познат како првиот Холандски Кум. Неговата организација беше првата екстремно насилна организирана група во Холандија. Целата земја стравуваше од него и беше еден од најбараните личности поврзани со голем број на пратки со дрога. Тој има заработено милиони долари за испорака на 1.000 килограми дрога низ Европа. Но, како и сите “самобендисани“криминалци и Klaas Bruinsma мораше да “падне“. Откако Bruinsma излезе од затвор, одлучи дека, како професионален криминалец најдобро би било да живее во хотел, наместо во неговиот дом. Bruinsma и неговите телохранители најпрво поминуваат многу време во хотелот Okura, но кога хотелот побара Bruinsma да го промени својот начин на однесување, бидејќи се симнуваше во лобито со боси нозе, носеше само бањарка и беше опкружен со 8-10 телохранители облечени во костуми кои зборуваа преку воки-токи, тој го напушти хотелот. Откако се одјави од Okura хотелот, Bruinsma се пресели во Amsterdam Amstel хотелот.

Bruinsma отседна во Кралскиот апартман, кој што најчесто беше користен од страна на странски кралеви или претседатели. Кога овие луѓе доаѓаа во хотелот Bruinsma отседнуваше во друг хотел, со цел неговите телохранители да не влезат во конфликт со телохранителите на важните / кралски гости. Bruinsma немаше тестамент; неговите браќа и сестри не сакаа да прифатат ништо од неговото наследство, па затоа поголемиот дел од неговото богатство отиде кај неговата мајка. Неговиот брод Amsterdammertje беше конфискуван од страна на Даночната служба во Холандија. Неговиот соработник Klepper беше убиен во 2000 година; Mieremet преживеа обид за атентат во 2002 година, но беше убиен во 2005 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi