Најхраброто бебе на светот

popara24 март, 20111min00
BN15147

Најмалото и воедно најхраброто бебе на светот е Фреја Грејс, ќерката на Лиз и Џеф Барет која се роди во 23 недела од бременоста и тежеше само 369 грама. Таа е вистински борец кој успеа да преживее и да се избори со тешки операции на срцето. Фреја сеуште е зависна од апарат за кислород бидејќи нејзините бели дробови сеуште не се доразвиени.

Од раѓањето има поминато осум месеци, и таа вчера конечно беше однесена за прв пат во нејзиниот дом. Фреја имала девет трансфузии на крв, трансфузија на плазма и деликатна операција на срцето, но сега е добро и е пуштена од болница.

Нејзината мајка забременила по пат на вештачко оплодување и носела две девојчиња. При пораѓајот едното од нив починало, но Фреја храбро се борела за животот. Ова е прв случај кога бебе родено во 23-та недела преживеало. Дури и една еминентна лекарка на БиБиСи има изјавено дека бебињата родени во тоа време од бременоста се голем трошок за државата. Сега мајката на Фреја бара таа докторка да ја погледне во очи Фреја и да го каже истото.

Фреја сега има 4 килограми и има челична волја за живот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma